Важноста на калиумот во нашата исхрана

Калиумот е минерална сол (електролит), што е од суштинско значење за балансирање на pH нивото во телесните течности. Тој игра важна улога во регулирањето на крвниот притисок, одржувањето на големината на коските, нервниот систем, срцето, бубрезите и мускулите. Низок внес на калиум во организмот може да предизвика одредени здравствени проблеми.

Дали постојано се чувствувате слаби и уморни ?! Eдна од причините за оваа состојба може да биде недостаток на калиум. Оваа состојба вклучува проблеми со мускулната координација, ниска концентрација, висок крвен притисок и абнормален срцев ритам.

Важноста на храната богата со калиум:
Ако вие следите здрава програма, балансирана и богата исхрана со калиум, не постои причина да се плашите од хипокалемиа (болест која се должи на недостатокот на калиум).

Калиумот се наоѓа во изобилство кај свежото овошје, зеленчукот, житарниците и млечните производи, а исто така месото и рибата се богата храна со калиум. Но доколку вие цело време ги консумирате овие продукти, тогаш се зголемува киселоста во организмот.

Суплементи:
Суплементите со калиум се широко распространети на пазарот, но ги консумират само мал дел од населението. Овие додатоци не ви се потребни ако консумирате доволно храна која содржи калиум.

На бодибилдерите и спортистите што се изложени на тешки физички вежби особено им треба калиум во исхраната. Кога за време на тренингот ќе забележите зголемено потење, тогаш најверојатно дека и минералите како калиум и магнезиум испариле од вашето тело. Во тој случај, веднаш треба да се консумира исхрана богата со калиум, или треба да консумираат суплементи со калиум. Важно е калиумот да се внесе во текот на летните месеци, кога и без физичка активност се потиме континуирано.

Сета оваа загуба на калиум може да се надополни и со изотонични пијалоци.