Наслов

А што бара пластика во мојот хамбургер?

Ако сте слушнале за Бисфенол А како еден од штетните супстанци кои се многукратно забранети во разни пластики, играчки за деца итн, можеби не сте слушнале дека луѓето кои консумираат брза храна покажаа огромно зголемување во концентрациите на овие штетни супстанци. Кога, зошто, како, имате во статијата подоле со информации од едно повеќегодишно истражување. 

Иако веќе е добро познато дека брзата храна од разните ланци на ресторани за исхрана содржи исклучително високи и добро скриени нивоа на сол, трансмасти и лоши калории, преку една нова студија се испостави дека оваа храна носи уште поголем ризик по нашето здравје. 

Студијата која е објавена во научното списание Environmental Health Perspectives има опфатено група од 9000 испитаници кои преку примероци од нивната урина се покажа дека 24 часа по консумирањето на брза храна во неа имало големи нивоа на штетните супстанци - фталати кои се користат скоро секоја пластика, детергентите, шминките и некои средства за разубавување во споредба со оние кои немаат јадено фаст-фуд. На кратко резултатите велат - колку повеќе фаст-фуд, толку повеќе фталати. 

Иако веќе некое време овие супстанци се забранети во разни играчки за деца, засега се уште не постојат рестрикции за во хранителната индустрија кадешто истите доаѓаат преку контакт на обработената храна со овие хемикалии. 

Фталатите може да се внесат во телото преку вдишување, допир а веќе е добро познато дека тоа може да се случи и преку ингестија на храна и вода. Друга пак студија правена во САД покажала дека 98 проценти од испитаниците ги имаат овие супстанци во нивното тело што само ја покажува распространетоста на истите во најголемиот дел од обработената храна. 

Всушност, еден од научниците кои ја имаат правено погорната студија вели дека што повеќе еден производ или храна се обработува, пакува и стои во одредени услови т.е. покрај други супстанци во индустријата толку се поголеми шансите да биде контаминиран со оваа супстанца. 


СИГУРНО ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА - А КОЛКУ ПИЛЕВИНА ИМА ВО БУРГЕРОТ?


Фталатите влијаат врз хормонскиот систем и статус на луѓето со тоа што тие емитираат други природни хормони од нашето тело со што може да допринесат до промени во репродуктивниот систем на мажите и жените, но покажале и афинитет кон респираторниот систем, го попречуваат процесот на развивање и учење кај децата итн. 

Научниците зад студијата веруваат дека ова истражување ќе ја покрене свеста за штетното влијание но и пред се за присуството на овие материи во нашата околина. 

19 Април 2016

За авторот