Наслов

Семки од тиква – Скриеното богатство

Добро испечена и слатка тиква во есенскиот период од годината е одличен десерт или ужина, но семките од овој есенски дар се вистинско скриено богатство. Еве зошто некои искусни домаќинки истите ги печат и здравје си печалат.

Оптимално количество магнезиум
Една шака со семки од тиква ги содржи 92% од дневните потреби на магнезиум, минерал важен за релаксирање на нервите и мускулите, зацврстување на коските и подобрување на циркулацијата.

Богати се со цинк
Високата вредност на цинк кои овие семки ја содржат дава безброј придобивки. Тој учествува во синтеза на 100 различни ензими, го подобрува имуниот систем и зараснувањето на раните, превенира остеопороза кај возрасните, а кај децата помага во правилно развивање на сетилата за вкус и мирис.

Според The Linus Pauling Institute дури и малите количини на цинк делуваат позитивно врз третманот на бенигна хиперплазија на простата, состојба која може да доведе до појава на бројни компликации во генитоуринарниот тракт на мажите.

Штитат од срцеви заболувања
Фитостеролите се растителни соединенија кои помагаат во балансирањето на крвниот холестерол и превенираат коронарни заболувања. Семките од тиква како и растителните масла изобилуваат со нив.

Расположуваат
Иако есента и зимата знаат да бидат многу депресивни, семките од тиква се богати со амино киселината L-триптофан одговорна за зголемување на нивото на серотонинот во мозокот кој делува антидепресивно и го подобрува нашето расположение! Повеќе семки за повеќе насмевки.

Внимание!

Печените семки што ги купуваме во семкарниците често се доста насолени, а со тоа негативно влијаат врз крвниот притисок. Затоа јадете умерено или бирајте лупени и помалку солени семки од тиква.

12 Октомври 2012

За авторот