Наслов

Пржена риба - исто како да не јадете риба

Здравствените полезности од вкусното и нутриционистички богато рибино месо драстично се намалуваат кога таа е пуштена во врело масло. Затоа, наместо во тавче, пригответе ја во рерна..

И веднаш да се надоврземе на воведот, здравствената придобивка од пржената риба е речиси никаква. Тим на научници го истражувале ефектот на рибата приготвена на различен начин (пржена, печена и варена), како и ефектот на нејадење риба врз волуменот на сивата мозочната маса.

Кај испитаниците кои консумирале варена и печена риба волуменот на сивата маса бил поголем за речиси 14% отколку кај оние кои консумирале пржена риба или воопшто не консумирале. Сивата маса има улога во когнитивната функција и краткотрајната меморија и поголем волумен на сива маса има позитивен ефект врз менталните процеси.


 Повеќе за омега 3 масните киселини: ХРАНА ЗА МОЗОК


Истражувачите сметаат дека овие резултати се должат на неколку фактори. Примарно рибата е богата со омега 3 масни киселнини, но и антиоксиданси и витамините Ц и Е. Сите овие нутрициенси придонесуваат за здрав централен нервен систем. Кога рибата ќе се приготви во врело масло на висока температура дел од овие нутициенси се уништуваат. Исто така видовите на риба кои се погодни за пржење, сами по себе често се посиромашни со омега 3.

Ако јадете риба, направете го попаметниот избор и консумирајте ја со сите нејзини придобивки, најдобро два до трипати во неделата, а ако имате желба за рипче уште денес еве еден лесен рецепт за риба во фолија.

29 Септември 2014

За авторот