Наслов

Подај го сенфот!

Не за џабе рекле дека моќните работи одат во мали пакувања. Семето од синап го докажува тоа и еве зошто сенфот треба да биде нешто повеќе во Вашата исхрана од само додаток за со колбавчиња!

Купечкиот сенф на вашата маса претставува комбинација на мелено синапово семе, оцет, вода, сол и неколку видови на зачини.

Постојат три различни видови на синапово семе: црно, кафено и бело, а од овие се произведуваат различни видови на сенф како најшироко познатиот жолт сенф, потоа Дижон, Баварија, сенф со мед итн.

Она што сенфот може да го понуди на вашиот организам не може да се оспори. Иако тој не може да се пофали со многу јагленохидрати, масти, протеини па ниту калории, сепак содржи одредени количини на витамини, а особено минерали.

Преку сенфот можете да ги дополните вашите дневни потреби на калиум, фосфор, селен, натриум, калциум и магнезиум.

Најголем придонес по нашето здравје може да даде изобилството на минералот селен. Овој елемент е присутен во големи количини во сенфот, а тој поседува важни антиоксидансни и анти-инфламаторни својства.

Селенот е важен за продукцијата на тироидниот хормон, за половото здравје и имуниот систем, а докажано е дека адекватниот внес на селен може да превенира состојби како срцеви заболувања и различни карциноми.

Можеби во мали количини но сенфот сепак содржи витамин C, А и B комплекс кои исто така допринесуваат за општото здравје.

Но, онаму каде што сенфот навистина прави отстапка се омега 3 масните киселини. Една лажичка сенф нуди 24,4mg омега 3 што може да претставува навистина добар извор на овие есенцијални масти.

Тие се важни за целокупното здравје, а особено за правилен раст и развиток на мозокот. Исто така овие масти, особено доколку се консумираат како замена за заситените масти може да се покажат одлично во превенцијата на срцевите заболувања.

Препорачаниот внес на омега 3 масните киселини кај здрав возрасен човек треба да изнесува до 1,6g дневно.

Луѓето кои имаат срцеви проблеми и зголемен крвен притисок, односно имаат докторски препорачана рестрикција за внес на сол, треба да внимаваат бидејќи една лажичка сенф содржи 57mg натриум.

 

09 Ноември 2012

За авторот