Овес за појадок да, ама каков?

Иако овесните снегулки се солидна и здрава опција, повеќето инстант производи се толку преработени што повеќе ќе ви нанесат штета отколку здравје.

Дали јадете овесна каша за доручек? 
 

Инстант варијантите на овесни каши обично изобилуваат со вештачки состојки, бои и вкусови. Исто така, содржат обичен шеќер или фруктозни сирупи, што тотално ги поништува добрите страни на овесот.
 
Овој готов производ има и повисок гликемиски индекс од обичната ”старомодна овесна каша”, поради својата инстант природа да биде веќе сварен на многу висока температура. Со термичка обработка, овесната каша осиромашува од многу витамини и минерали што на крајот ја прави помалку хранлива. 
 
Затоа, доколку сакате да конзумирате овесна каша за доручек, подобро е да се држите понастрана од инстант, процесирани и зашеќерени верзии.
 

Наместо тоа, најдобар избор Ви е природниот исецкан/сомелен или пресуван овес. Додека за нив ќе потрошите неколку минути повеќе на подготовка, тоа секако ќе ви се исплати поради понискиот гликемиски индекс, екстра диеталните влакна, и поголема количина на витамини и минерали.
 
Исто така, природните овесни каши ќе ве држат сити за подолг период и најверојатно текстурата и вкусот многу повеќе ќе ви се допадне од неодредените инстант решенија.
 
Секако, доколку сакате нешто поблага верзија, секогаш можете самите да им додадете многу поздрави додатоци како мед, овошје, агаве или јаворов сируп.