Задругата Наша Добра Земја со тезга секој четврток петок и сабота

Наслов

Органска храна на пазарчето Буњаковец

Покрај продавницата во Тафталиџе (спроти Педагошка), од сега секој четврток петок и сабота задругата Наша Добра Земја ги прави достапни своите органски производи на пазарчето во Буњаковец.

Целта на Наша Добра Земја беше жителите на Центар да имаат пристап до свежи органски производи за кои самите ќе се уверат во нивниот квалитет, сертификат и состојба пред да ги набават!
Наша Добра Земја нуди и можности за членство, а членовите добиваат пониски цени и дополнителни попусти и придобивки. За повеќе информации околку зачленување, доставете е-маил на novclen@dobrazemja.org
Првата задруга на потрошувачи на органска храна Наша Добра Земја поддржува одржливо органско производство, не користи пластични ќеси и се обидува да рециклира и реупотребува се од амбалажен отпад. Понесете своја торба кога купувате кај нас, како на времето кога се беше органско! 

01 Јули 2015

За авторот