Неподносливата леснотија на слабеењето

Најголем дел од диетите и слабеењето не успеваат затоа што одат по принцип на „зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано”. Поедностави му на човека и ќе го просветлиш.

Најголем дел од диетите па и оние здрави начини на исхрана кои се препорачани од светските и нашите здравствени организации се исклучително комплексни и тешки за следење од страна на едноставниот човек.

За брз и краток пример земете ги препораките за балансирана здрава исхрана кои се напишани од поголемите светски здравствени организции:

  • „Јади повеќе и овошје и зеленчук, јади полнозрнести житарки и храна полна со диетални влакна, два пати неделно јади риба, консумирај чисто месо и повеќе растителни протеини, редуцирај го внесот на процесуираните шеќери, намали го внесот на сол и алкохолот држи го на дистанца. Згора на ова, пола од калориите треба да се од јагленохидрати, петтина од нив да се од протеини а остатокот од масти од кои само 7 проценти треба да се заситени.

Ова е некоја скратена верзија на препораките кои не дека не можат да се следат, но претставуваат потешкотија за голем дел од нас (од повеќе аспекти), а уште потешко е кога би требало според нив да слабее.

Информациите на прво место се премногу, дел од нив се контрадикторни и тешки за следење и ова често предизвикува потешкотија за придржување кон истите, па научниците решија да направат еден експеримент за споредба дали поедноставените препораки би довеле до подобри резултати во слабеењето кај некои луѓе.

240 испитаници биле поделени во две групи, едната ги следела (погорните) правила и препораки за исхрана на американската асоцијација и намалени им биле 500 до 1000 калории на ден, а останатата имала прилично едноставни инструкции единствено да јаде повеќе храна со диетални влакна. Ова значи едноставно вклучување на повеќе овошје, зеленчук, житарки и легуминози во нивната диета и толку. Никакво следење на калории, нивно потекло и слично.

После цела година, луѓето кои биле во втората група во просек изгубиле по 2,1 килограм (запомнете, без да се трудат да ослабнат), а другите, оние во првата група кои внимавале на исхраната во целост и се труделе да ослабнат имале слични резултати, со ослабнато единствено половина килограм повеќе.


100% ќе ве интересира – ВЕГАНИТЕ И ВЕГЕТАРИЈАНЦИТЕ ПОЛЕСНО СЛАБЕАТ 


Научниците се„ повеќе сметаат дека ваквите едноставни интервенции во обидот некој да ослабне даваат многу подобри резултати отколку сложените следења на разно-разни инструкции.

Дополнително, многу е важно тоа што следењето на токму овој начин на исхрана т.е. фокусот на внесување на повеќе диетални влакна е навистина добар за човековото здравје бидејќи многу од нас не ги достигнуваат препораките токму за оваа хранителна компонента која е екстремно важна за целокупното здравје на човекот.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија