Наслов

Намирници мевлем за мозокот

Засилете го вашиот мозок и здравје по природен пат со тоа што ќе ги ги послушате научниците и ќе ги конзумирате намирниците наведени во оваа статија.

Експертите тврдат дека храната богата со состојки како што се антиоксиданси и омега-3 масни киселини може да го подобри здравјето на мозокот и меморијата. Затоа Ви ги презентираме шесте намирници кои можат да ја пркнат вашата сива материја.

Ореви

Тие дури и изгледаат како мали мозоци, па можеби тоа е начинот на кој мајката природа ни кажува за што се наменети. 

Во 2009 година една студија во списанието за исхрана (Journal of Nutrition) открива дека исхрана која вклучува дури и 2% ореви, го спречува стареењето на мозокот кај старите стаорци, вклучувајќи ја и способноста на мозокот да функционира и да процесира информации.

Исто така, и една студија презентирана во 2010 година на Меѓународната конференција за Алцхајмерова болест објави дека откако ги хранеле со ореви глувците со докажана Алцхајмерова болест тие го подобриле учењето, помнењето и моторната координација.

Оревите содржат високи количини на антиоксиданси за кои некои истражувачи тврдат дека можат да се борат против оштетување на ДНК мозочните клетки предизвикани од слободните радикали во нашето тело.

Моркови

За нив веќе долго време се знае дека се добри за очите, но како што се испостави тие се добри и за мозокот.

Според една студија објавена во 2010 година (Journal of Nutrition), морковите имаат високо ниво на состојката наречена luteolin која може да го намали дефицитот на меморија која се јавува со годините како и при воспаление на мозокот. Во студијата, глувците кои во секојдневната исхрана добивале суплементација од 20 милиграми luteolin забележале намалување на воспалителните процеси во мозокот. Истражувачите велат дека оваа состојка им ја вратила и младоста на меморијата.

И маслиновото масло, пиперките и целерот содржат високи количини на luteolin.

Бобинки

Нема да зажалите ако во вашата исхрана додадете некои од овие витамински бомби кои ќе ја подобрат вашата меморија.

Во студија од 2010 година објавено е дека девет постари лица, со помали проблеми со меморијата, кои 12 недели секојдневно конзумирале сок од диви боровинки покажале подобри способности за учење и отповикување на сеќавањата. Исто така, овој ескперимент покажал позитивни резлутати при намалување на симптомите на депресија.

Бобинестото овошје, кое содржи доста антиоксиданси, може да го намали стресот во клетките кои ги поврзуваат со стареењето и да ја зголемат способноста за сигнализација во мозокот.

Риба

Иако неодамнешните истражувања покажаа дека земањето рибино масло не може да помогне во успорувањето на когнитивниот пад кај луѓе со Алцхајмерова болест, други студии покажаа дека јадењето риба богата со омега-3 масни киселини може да помогне при успорување на неизбежниот когнитивен пад кој што доаѓа со возраста.

Оние луѓе кои јадат два оброка риба неделно, на 65 години или постари, имаат за 13 отсто намалување на когнитивниот пад, во споредба со луѓето кои не јадат редовно риба. Дури и луѓето кои јаделе по еден оброк риба неделно имале 10 отсто намалување на когнитивниот пад.

Исто така, рибата која е богата со витаминот Б12 може да заштити од Алцхајмерова болест. 

Кафе и чај

Утринското кафе или чај ќе сторат многу повеќе за вас отколку само што ќе ве разбудат. Тоа го покажаа студиите кои тврдат дека покрај спречувањето на Алцхајмерова болест, тие ги подобруваат и когнитивните функции.

Во списанието за Алцхајмеровата болест, научниците изјавиле дека кофеинското кафе ја забавува или спречува Алцхајмер кај глувците кои се создадени со предиспозиции за оваа болест. Врз основа на овој наод, кафето конечно би можело да послужи како терапевтски третман за лицата со Алцхајмерова болест.

Чајот исто така покажа дека има заштитен ефект врз мозокот. Љубителите на чајот поминале подобро на тестовите за меморија и за преработка на информации од оние кои не го конзумираат.

Спанаќ

Не бил за џабе направен цртанот со Попај и силата која ја добива откако ќе изеде спанаќ, бидејќи сега и науката стои позади него. Овој зелен лиснат зеленчук е преполн со витамините Ц и Е, кои можат да помогнат при подобрување на когнитивните способности.

Студија покажа дека во текот на осум месеци, стаорците чија исхрана била дополнета со витаминот Е, доживеале 500 до 900 проценти зголемување на мозокот и на нервните ткива, како и зголемување во ослободувањето на допамин во мозокот (хемикалија на "задоволството" која го контролира протокот на информации до различни делови на мозокот).

Затоа доколку сакате да ја подобрите меморијата и моториката спроведете исхрана богата со горенаведените продукти.

20 Април 2013

За авторот