Наслов

Масти како дел од исхраната на вашето дете

Секојдневно сме преплавени со многу информации кои можеме да ги видиме на телевизија, слушнеме на радио или прочитаме во некое списание и на чија основа го формираме нашето мислење за одреден производ или животна навика. 

Па така и целата идеја околу штетноста на мастите како главен виновник за појава на кардиоваскуларни болести, зголемување на масното ткиво, гојазност и артеросклероза не навлече да бараме производи со мал процент на масти, избегнување масти од животинско потекло, конзумирање на млеко и млечни производи со ниска масленост.

Најчесто доколку видиме производ во маркет на чија амбалажа пишува „FAT FREE" и уште ако е спакуван во убава амбалажа (нашите производители тоа го сфатија) веднаш тој производ е етикетиран како здрав производ. Меѓутоа тие производи најчесто имаа тенденција да имаат голем процент на шеќери.

Знаете што? Не се мастите виновници за вашата „мишелинка", туку шеќерот.
Потрудете се во исхраната на вашето дете да внесете оптимална количина на здрави масти. Истите можат да бидат од животинско потеколо - месо (пробајте да биде од проверен извор, јајца (домашни), путер (избегнувајте маргарин), млеко (би било убаво да е домашно), супа од коска, пача (се разбира доколку можете да јадете, јас лично имам потешкотии :)) и се разбира масти од растително потекло, разни семки и јаткасти плодови.

Рибата секако треба да биде неизбежен дел од исхраната. Особено оние кои живеат во ладни води кои содржат колема количина а Омега-3 масти. Најчесто мој избор се сардините (во конзерва во маслиново масло) од економски причини и лосос. Се разбира најдобар избор е свежа риба.

Јаткастите продови ќе ви обезбедат масти од растително потекло. На промер оревите. Ако можете да забележите имаат форма на мозок, и се одлични за функцијата на мозокот на вашето дете. Една шака наутро со доручек е одлична комбинација.

Исхраната која содржи масти ќе обезбеди доволна количина на Омега-3 масти неопходни за добра функција и развој на мозокот и нервниот систем на детето. Доказано е дека Омага-3 мастите се битни за развој и правилна функција на очите и мозокот, го намалуваат ризикот од агресија, депресија и ADHD (Attention Deficit/Hyperactivity Disorder) кај детето.

Преку ваквата исхрана се обезбедува и внес на сите липосолубилни витамини (растворливи во масти) А, Д, Е, К кои се одговорни за добра функција и развој на нервниот систем, ја подобруваат функцијата на мозокот, и што е многу битно играат голема улога во правилен развој на коските кај детето.

Сите добро сме запознаени со бенефитите од витаминот Д, Е и А за кои најчесто се пишува. Што се однесува до витаминот К (особено К2 формата – масти од животинско потекло: супа од коска, сардини, масло, јајца и путер) не дозволува прерано калцифицирање на коскените плочи, па со тоа се одбезбедува непречен и правилен развој и раст на коските.

Значи сума сумарум: јадете домашна супа (не Маги со кнедли), путерче од сабајле, месо и рибче и се што ќе ви подготват вашите родители, баба и дедо, а за ужина наместо чипсови и крекери може по некое бадемче, оревче или овошје.

22 Ноември 2015

За авторот