Наслов

Јаготките официјално нè прават најсреќни

За разлика од тмурната помисла на една модра слива или јаболко кое асоцира со ужинка за време на стресна работа, јаготките со себе носат најсреќни мисли и расположенија меѓу анкетираните.

Повеќе од 86 проценти од анкетираните луѓе во лондонскиот Универзитет изјавија дека со самата помисла на јаготки тие се чувствуваат порелаксирани и посреќни, нешто што не е чудно за ова прекрасно летно овошје.

За разлика од нив, овошјата кои се јадат како ужинки „на нога“ како бананите и јаболката евоцираат најтажни емоции бидејќи потсеќаат на гужва и избрзани работни ручеци. Сливите пак, имаат најмал потенцијал да ве направат среќни и насмеани, произлезе од анкетата. 

Една од причините за која јаготките се „најсреќното“ овошје меѓу популацијата, освен прекрасниот вкус е и карактеристичниот свеж мирис кој евоцира убави спомени. 

25 Јуни 2014

За авторот