Храна за мозокот

Се ќе отиде по јабана вложувајќи многу време, труд и пари за да постигнеме душевен и телесен баланс доколку НЕ МИСЛИМЕ ДЕКА ТРЕБА ДА МИСЛИМЕ. Веќе ни е непознато дека некои видови на храна може да го подобрат нашето здравје, но дали сте помислиле дека постои храна која го подобрува начинот на вашето размислување?

Можеби е тешко да се поверува дека она што го јадеме може да има моќен ефект врз она што го мислиме, но современите истражувања покажуваат дека намалениот внес на одредени нутрициенси значително влијаат врз процесите на размислување. Дури и се смета дека таа дефициенција е главен причинител за настанување на емоционални, ментални и психички растројства како депресија, биполарно растројство, шизофренија, Алцхајмерова болест како и состојбите на губиток на меморија. Сите овие случаи се често поврзани со хранителен дефицит на ОМЕГА 3 МАСНИТЕ КИСЕЛИНИ.

Омега 3 масните киселини се важна состојка за оптимално функционирање на мозокот. Тие во големи количини се наоѓаат во сивата мозочна материја и помагаат во многуте мисловни и процесорски активности. Како составен дел на клеточните мембрани, омега 3, е важна компонента за пренесувањето на сигналите и нивната флуидност. Доколку постои дефицит на омега 3 полека но сигурно настануваат комуникациски дефекти, а баш и не би биле среќни тие дефекти да се токму во нашиот мозок.

Според некои научници овие масни киселини се толку важни во правилниот развој и одржувањето на мозочните функции, што тие сметаат дека внесот на омега 3 му овозможил на мозокот да еволуира во следната фаза од човечкиот развој. Во минатото постоело многу поголем хранителен внес на овие масни киселини, но во денешницата нивниот внес е се помал и загрижувачки па за да направите промена обрнете внимание на вашата исхрана.

Препорачаните дневни дози за просечна здрава индивидуа се движат до 1,6g на омега 3 масни киселини, а тие се составен дел на лененото семе, оревите, лососот, сардините, скушата, тофуто итн. Редовното консумирање на риба како и другите горенаведени продукти дефинитивно може да помогнат во разбистрување на вашите мисли.