Генетски модифицирана храна

Наслов

Храна на модерното време

Генетски модифицирана храна се нарекува онаа храна во која се вметнува генетски материјал (ДНК) од еден вид на друг. Со вметнување на новиот генетски материјал се овозможува пренос на посакуваната карактеристика од еден на друг вид кои не се во сродство, или од животни на растенија. 

Пример за тоа е генот земен од поларна риба кој функционира како атифриз вметнат во доматите и јагодите за да ги заштити од замрзнување. И прасињата се генетски модифицирани и тоа со човечки ген за да растат побрзо.

Генетски модифицираната храна е бизнис на светската прехранбена идустрија која инсистира на позитивни информации за позитивните страни на оваа храна. Генетски модифицираната храна треба да го намали гладот во светот како и намалувањето на отровите, пестициди, хербициди во почвата, затоа што оваа храна е отпорна на сите болести и не треба да се прска со отрови.

Но дали сте знаеле дека генетски модифицираните растенија се стерилни?
Така производителите на храна постојано треба да ги купуваат овие генетски модифицирани семиња.

Но што се случува со обработливата земја?
Се загадува, тивко, притаено, незабележливо се загадува.

На кој начин?
Со тоа што се пуштаат нови мутирани болести за човекот кои се пренесуваат преку инсектите. За да се спречи ширењето на болеста се прска со отрови кои навидум не се штетни за човекот и за почвата. Тие отрови не само што ги убиваат инсектите (кои нели играат важна улога во размножувањето на растенијата), тие се впиваат и во земјата. Потоа болестите стивнуваат, но обработливата почва останува загадена.

Така после неколку години на таа почва нема да може да се одгледуваат растенија кои не се генетски модифицирани. Се создава вештачка криза за храна во светот за генетски модифицираната храна да биде херојот.

Како вилијае генетскиот инженеринг на природата?
Генетски модифицираните посеви стапуваат во интеракција со природната флора и фауна и го нарушуваат биодиверзитетот во природата. Тие се размножуваат, мутираат, го напаѓаат околниот жив свет и го уништуваат. Генетски модифицираните растенија предизвикуваат стерилност на почвата и неможност за одгледување на конвенционална и органска храна.

Овие растенија го уништуваат и живиот свет, бидејќи генетскиот инженеринг создава растенија резистентни на инсекти кои нормално се зависни од природните цветови. Повеќе од две-третини од досега произведените генетски модифицирани растенија се прогласени за немилосрдни убијци поради хербицидното дејство врз одгледување на околните конвенционални и органски растенија.

Што се случува со човекот кој ја конзумира оваа модерна храна?
Ваквата храна предизвикува алергиски реакции во човечкиот организам кои се третирани како алергии со нејасно потекло, може да предизвика отпорност кон антибиотици и оваа храна може да има токсичен ефект. Исто така има можност да предизвика ревматоиден артритис, воспалителна болест на цревата, остеопороза, артериосклероза, различни видови на карцином како и стерилност. Но најголема опасност претставува тоа што генетски модифицираната храна ја менува човечката ДНК.

Се уште се поделени мислењата на научниците за овој вид храна, едни тврдат дека е здрава, други излегуваат со застрашувачки сценарија за иднината на човекот и светот. Вие сами одредете каква храна ќе внесувате во вашиот организам, но не заборавајте дека денес сите животни кои се користат во месната индустрија се хранат со генетски модифицирана храна.

Треба да имаме на ум дека ништо добро не излегува кога човекот ќе замеша прсти во природата.

12 Октомври 2012

За авторот