Бојата на грозјето ставена на кантaр

На страна од вкусот и привлечноста за око, прашањето оваа сезона е кое грозје е поздраво, црното или белото?

Најпрво да се разбереме дека нема голема разлика во однос на гроздовиот шеќер кое секоја врста го содржи во прилично големи количини (сепак тоа е одликата што го прави грозјето одлична подлога за винце), па така ако се обидувате да го ограничите внесот на шеќер, грозјето не ви е сојузник. 

Но, од друга страна, содржината на антиоксиданси и фитонутрициенси е за пофалба, а кога сме кај фитонутрициенсите убедливо победува црното грозје. Колку е потемно изразена бојата на грозјето, толку е повисока содржината на антоцијанини, со една 0 во белото грозје и мала количина во розе пребоеното. Овие антоцијаниди имаат анти-инфламаторно дејство, а се испитува и нивната корелација со успорувањето на мозочното стареење.

Сепак секое грозје, без разлика на неговиот вкус или боја го содржи одговорниот за „францускиот парадокс“ресвератролот, антифугална и антиоксидативна компонента која им дозволува на французите да си уживаат во своите масни кроасани и да пијат литри вино, а да имаат помал степен на кардио-васкуларни заболувања.

На крај, за вкус не се расправа, јадете го она кое вам ви е по ќеиф.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија