Да не се лажеме, јадете полномасно

Ако веќе е одамна добро познато дека клеточните ѕидови на секоја животинска клетка се изградени од двослојна липо (читај масно) – протеинска мембрана, тогаш не сме сигурни зошто досега мастите се ставаа во групата на лоши макропродукти кои требаше да бидат ограничени или целосно исфрлени од исхраната. Да бидеме на чисто, мастите се супер, еве и некоја студија плус за да се потврди истото. 

Според една понова студија правена на универзитетот во Копенхаген беше потврдено дека диетата богата со масти, главно составена од полномасни млечни продукти има големо влијание во покачување на нивоата на таканаречениот „добар” HDL холестерол. Овој тип на холестерол е особено важен во превенцијата на кардиоваскуларните заболувања и штитењето од другите метаболни нарушувања. 

Во изминатите декади препораките за здрава исхрана секогаш ги ставаа мастите – еден од трите големи групи на макронутрициенси во клапата на „лоши” по здравјето на човекот, па се правеа големи поделби, се зборуваше за тоа колку истите влијаат негативно врз холестеролот за на крајот да се увиди дека тие практично го одржуваат холестеролот во телото на едно многу здраво ниво.

Сите овие лоши епитети на мастите беа придодадени во доба на веќе добро познатите и воспоставени знаења дека клеточната мембрана на животинските клетки е практично изградена од масти, а и најголем дел од екстремно важните хормони во телото се синтетизираат од овој макронутрициенс што не води до фактот дека не е можно истите да бидат лоши (или уште подобро кажано – полоши од шеќерите) по нашето здравје. 

Во релативно новата студија која траеше 12 недели беа ставени три групи (од вкупно 139 испитаници) на различни режими на исхрана – првата на полномасна диета со вклучени сирења, кашкавали кои јаделе по 80 грама на ден, втората каде внесувале 80 грама но од оние млечни производи со намалена масленост и третата каде испитаниците не внесувале масти, туку наместо тоа, јаделе по 90 грама леб со џем. 

Иако сите испитаници имале стабилни нивоа т.е. немале покачување на таканаречениот „лош” ЛДЛ холестерол, онаа група која јадела полномасни производи имала значително поголеми нивоа на ХДЛ холестерол. Околу добри – лоши холестероли можете да прочитате ТУКА

Како надополна на ова, уште пред некое време беа објавени истражувања кои докажаа дека практично холестеролот од исхраната – доминантно од жолчката на јајцата влијае и тоа како позитивно врз холестеролот во телото. Повеќе за овој „парадокс” прочитајте ТУКА

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија