Наслов

Време е за пролетен детокс!

Започнавте ли утрински ритуал за пролетно прочистување? Ви даваме неколку предлози како да се ослободите од трагите што ги оставила зимата...

По долгата зимска хибернација, најчесто во телото остануваат натрупани токсини како резултат на зголеменото загадување на воздухот, слабото проветрување на домовите, проретчената физичка активност и ограничените извори на свежи органски продукти. Токму заради тоа пролетта е најдоброто годишно време за да си приредите генералка сами на себе.

Започнете со елиминација на алкохолот, масната храна и храна богата со адитиви. Намалете од храната со животинско потекло или целсно исклучете ја од дневното мени. Сега барем пазарчињата се преполни со зеленчук и овошје. Воведете што е можно повеќе зелени листести растенија и консумирајте ги во вид на салати или смути. Ова се главните начела на секоја диета која има за цел да го прочисти организмот.


Нешто повеќе за здравствените придобивки од детоксификационите диети


Во продолжение следуваат неколку наши супер лесни и вкусни детокс пијалоци кои лесно може да станат ваш утрински детокс ритуал... (клик на сликата за линк до рецептот)

Јаболкото и циметот се одлична комбинација за забрзување на метаболизмот, а овој рецепт ќе ви даде дополнителна хидратација за уште подлабински детокс

Магдоносот поседува одлични детоксицирачки способости и содржи огромни количини на витамин К, потребен за коагулација и за здрави коски. Овој пијалок е одличен за почеток на денот, а за детоксикација препорачано е да се пие во континуитет 5 дена по 100 мл.

Ѓумбирот ја подобрува дигестијата и го прочустува црниот дроб, лимонот дополнително го продлабочува детоксифицирачкото дејство на овој пијалок.

 

16 Април 2015

За авторот