Вода пред јадење, да или не?

Дали некогаш сте се запрашале кога е подобро да се пие препорачаната количина на вода?

Голем број на луѓе не внимаваат на внесувањето доволна количина вода. Кога докторот ќе каже дека треба да консумираат повеќе вода, често не е појаснето кога и по колку да пијат во текот на денот.

Иако на прв поглед се чини дека времето кога треба да се пие водата не е многу важно, сепак таа може значително да влијае на варењето на храната и апсорпцијата на хранливите материи, па дури и на апетитот.

Најдобро е водата за пиење да биде на собна температура. Ако во текот на денот јадете премногу храна, најдобро е водата да се пие 15 до 30 минути пред секој оброк, пишува “Men’s Health magazine”.

Ова нема значително да влијае врз варењето на храната преку ублажување на дигестивните ензими и ако станува збор за редукциона диета, водата може да го намали апетитот.

Препорачливо е кога ќе почувствувате глад да испиете голема чаша вода и да видите дали сте биле жедни или навистина ви се јадело.

Ако користите флаширана вода, треба да обрнете внимание на нејзиниот состав.