Пиво за самофинансирање на клубот

Одбојкарскиот клуб ЦСКА Софија со цел да најде начин како да си овозможи подобар финансиски прилив за наредните сезони не се потпре на варијантата да преговара со спонзори или да чека зголемување на продажбата на билети, нивната идеја отиде во сосема друг правец-Издигање на сопствен бренд бира (пиво). 

Математиката е во големата бројката на фанови, поддржувачи и навивачки групи кои стојат зад сите спортски клубови под брендот Централен Спортски Клуб на Армијата во соседна Бугарија. Од клубот најавуваат пуштање во продажба на светло, темно и безалкохолно пиво кое според правилата на УЕФА и ФИФА ќе може да се продава и на стадионите. Името на новото пиво не може да биде попривлечно, Армејско односно Армиско, како што и се нарекуваат најстраствените поддржувачи на клубот (Армејци).

Доаѓаат топли денови, а нив ги има многу..

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија