Околу Гинисот и вегетаријанците

Ако досега сте немале поим дека ирскиот пивски деликатес во неговата содржина има остатоци од некој дел од риба (кој се користи во процесите на филтрирање на пивото) тогаш може и да сте прекршиле вегетаријанство. Ама еве ги, Ирците се стремат да го прават веганско од другата година. 

Во традиција долга повеќе од 200 години, познатото ирско пиво Гинис при неговото производство има употребувано исинглас (isinglass) – супстанца која се собира од исушените меури за гас (воздух) т.е. внатрешни органи во рибите кои служат за контролирање на пловњето низ водата.

Исингласот е супстанца која била на големо користена за желирање на различни десерти во кондиторската индустрија (пред да започне евтиното производство на желатинот кој исто така е од животинско потекло), но се користи и за неговите филтрирачки карактеристики во финалните делови на производството на пиво (особено на одредени типови на ејлови). 

Конкретно, Гинис и некои британски типови на пиво го користат дури и денес како помошна супстанца за филтрирање на финалниот продукт од партиклите на квасец. Исингласот помага во забрзување на таложењето на квасецот на дното на бурињата, но и поради минимизирањето на губитокот на течност.

Ова значи, и Гинис тоа го признава, дека пивото содржи партикли од оваа риба, што го прави несоодветна за вегетаријанци и вегани. Најновите вести пак се, дека компанијата планира веќе од 2016 година да внесе нов филтрационен систем со што ќе го замени овој метод. 

E сега, дали пивото ќе го задржи истиот вкус после овие промени, тоа е веќе друг муабет

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија