Кратка историја на млекото

Зошто па баш ние пиеме млеко?

Една неодамнешна генетска мутација е одговорна за ден денешното пиење млеко, а трагите водат не подалеку од нашиот нос.

Способноста да се дигестира и преработи анималното млеко во човечкиот организам и после доењето е стара само 7500 години.

Според ова истражување на PLOS Computational Biology, генетската мутација која што овозможува преработка на млечниот шеќер – лактаза, најверојатно на европскиот континент се случила пред седум ипол милениуми и веднаш била силно фаворизирана. Па за кратко време лактоза-толерантноста се проширила низ цела Европа и зафатила некои делови и од Азија.

Но сепак остатокот од светот се уште си има проблем со пиење млеко, состојба која нам ни е позната како лактоза-интолеранција. Овие луѓе не биле толку среќни (условно кажано) да го наследат истиот тој ген, па при пиење млеко заради не можноста да го преработат се јавуваат симптоми како мачнина, повраќање, проблеми со варењето на храната.

Преку анализата на PLOS всушност истражувачите успеале да ја детектираат патеката на ширење на оваа генетска особина. Ќе погодите ли каде прво започнало пиењето млеко? Каде на друго место освен централните делови од Балканот? Е сега како на Балканчето му текнало да ја молзи кравата оставаме на имагинацијата…