Колку умерено беше умерено за пиење?

Бидејќи ракијата и виното на нашите простори претставуваат ултимативен „лек” за сè и сешто, сигурни сме дека поимот умереност во пиењето алкохол во голема мера се злоупотребува. Прашањата на оваа тема се доста опширни, а одговорите понекогаш конфузни и контроверзни. Колку умерено беше умерено за пиење?

Бидејќи природата, биологијата, науката, животниот стил и еден куп други фактори се меѓусебно комплексно испреплетени, скоро никогаш нема да можеме да добиеме некој јасен одговор за тоа како и во која мера алкохолот влијае врз здравјето на човекот. За ова говорат и многу научни студии кои, понекогаш даваат дијаметрално различни резултати и толкувања. Од една страна имаме стари луѓе кои цел живот пијат по „една на ден” и живеат 100, а од друга имаш модерни млади луѓе кои имаат мноштво проблеми поради чат-пат пиење. 

Сепак, во некои работи науката е чиста и јасна. Секојдневното хронично пиење на алкохол и пиењето на големи количини одеднаш е несомнено екстремно лошо за организмот на повеќе нивоа. Но, кога се доаѓа до прашањето за умереност, резултатите и толкувањата секогаш се тешки честопати конфузни. 

За почеток, да го дефинираме делот – умерена консумација на алкохол кој знае да варира во различни делови од светот. Според насоките на Американскиот Институт за Алкохолизам (насоки за 2015-2020 година), за умереното пиење алкохол се сметаат не повеќе од три пијачки на ден за жени (макс. 7 во неделата) и до 4 пијачки за возрасен маж на ден (максимум 14 во неделата). Истотака, истражувањата велат дека само 2% до анкетираните пијат во овие граници. 

Вреди да се напомене дека СЗО – Светската Здравствена Организација нема поставено т.н. безбедна граница за консумирање на алкохол т.е. според нив, не постои „здраво умерено пиење” – односно, секое пиење алкохол носи штетни последици. 

Подолу следат некои широкоприфатени погрешни сфаќања и методи наведени во Mens Journal кои се познати и кај нас.

Заблуда број 1 – Алкохолот е добар за срцето и циркулацијата

Реалност – Алкохолот во некои мали количини можеби е добар за одредени делови и структури на срцето, но лош за други. 

Умереното консумирање (до 1-2 пијачки на ден)  се покажало дека доведува до пониска стапка на атеросклероза – запушување на крвните садови, но паралелно, тоа може да доведе до состојби како атријална фибрилација – неправилни импулси на срцевиот мускул и зголемен крвен притисок. 

Заблуда број 2 – Пиењето до две чашки на ден е во граници на нормала 

Реалност – Не. Бидејќи на овој начин алкохолот станува дел од вашето секојдневние и доколку истиот се консумира на долг рок, тој предизвикува голема штета. Според една студија, доколку умереното пиење ви премине во секојдневие, после повеќе од три недели вие ги зголемувате шансите за предвремена смрт за околу 20 проценти. 

Заблуда број 3 – Чаша вино е супер за здравјето

Иако виното поседува низа на антиоксиданси кои имаат против воспалително влијание во телото и може во некои случаи да го штитат срцето од удар, не постојат никакви други информации дека виното е посебно добро за здравјето. Шансите дека луѓето кои знаат умерено да пијат вино во исто време се изложени на други секундарни здрави влијанија од храната што ја внесуваат и животниот стил што го водат се огромни, па затоа не можеме да кажеме дека точно виното е главниот виновник за доброто здравје – читај – ВО ВИНОТО Е ДЕЛУМНО ВИСТИНАТА.

Заблуда број 4 – Алкохолот влијае исто кај секој човек 

Генетиката игра многу важна улога во здравјето на човекот и секој организам има различен одговор према алкохолот. Постојат луѓе кои имаат генетска предиспозиција за срцев удар, болести и состојби на црниот дроб, покачен крвен притисок итн. а алкохолот само може да ги влоши внатрешните процеси на овие состојби. 

Заблуда број 5 – Треба да престанеш да пиеш 

Потребно е да престанеме да се убедуваме дека пиењето е здраво само за да посегнеме по уште една чашка. Алкохолот не е добар за нашето здравје, но ние и покрај тоа одлучуваме во некои моменти да го консумираме.

Но сепак, добро е да направиме рекапитулација и за почеток да ги исфрлиме сите лоши навики, да намалиме со квантитетот, а да вметнеме повеќе уживање. На крајот, снижувањето на неделната фрекфенција на пиење, или целосното исфрлање ќе ни донесе дефинитивен поздрав однос кон алкохолот.  

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија