Имате ли фајде од меурчињата во чашата?

За да не се мислите повеќе која вода е подобар избор, газираната или негазираната, еве го одговорот…

Кисела вода, сода вода, минерална вода се синоними и сите се однесуваат на едноставната формула која дава живот, еден кислород и два водороди, но често минералната вода е инфузирана и со други минерали како натриум, калциум, магнезиум.

Газираноста на водата доаѓа од јаглеродниот диоксид кој формира меурчиња, а исто така реагира и со мал дел од водните молекули и формира јаглеродна киселина која го дава киселкастиот вкус. Значи зеленото пластично шише кое го купувате е всушност вода, со незначителен минерален состав (освен натриумот кој ако го има во поголеми количини може да биде непожелен кај лица со висок крвен притисок) и меурчиња од гас кои исчезнуваат на отворено.

Сепак тој едноставен состав е екстремно освежителен и може да биде подеднакво хидрирачки како и обичната вода од чешма. Единствен проблем се меурчињата кои може да предизвикаат подуеност и всушност да испиете помала количина на минерална вода, отколку што би испиле обична вода, па така за некој кој има голема побарувачка за вода, потешко ќе му оди рехидратацијата со минералната.

Во однос на тврдењата дека водата со јаглеродни меурчиња доведува до намалување на густината на коскената супстанца, се уште нема никакво релевантно истражување кое би докажало дека е така.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија