Големо откритие: Водата нè брани и од тешки заболувања, но како?

Осум чаши вода на ден не само што може да ве задржи подалеку од лекари и болници, туку може да направи и чуда за вашето тело. Светската здравствена организација објави резиме со придобивките кои доаѓаат од пиењето вода, но и листа на болести што водата може да ги спречи.

 

Која е вредноста на водата врз нашето здравје?
Количеството на вода во телото на човекот се движи од 55 до 78 проценти, во зависност од големината на телото. Како правило е прифатено дека 2/3 од тело се состои од вода како главна компонента во човековото тело.

Функцијата на водата во човечкото тело има витално значење, пренесува хранливи материи и кислород до клетките и му помага на телото подобро да апсорбира хранливи материи. Ја регулира температурата на телото, отстранува отрови од телото и ги штити зглобовите.

Штетните ефекти и симптоми од дехидратација…
Недоволиот внес на вода во организмот може да доведе до дехидратација на телото.
Ако нашето тело е дехидрирано, тогаш ќе имаме симптоми на замор, мигрена, болка во мускулите, проблеми со бубрезите и сува кожа. А доколку телото дехидрира до 20% тоа може да донесе и ризик од смрт.

Колку вода треба да пиеме на ден за да се избегне дехидрација?
Добро е да се пијат 8 чаши течности (најдобро вода) на ден, но дали тоа е доволно?
Препорачливо е жените да консумираат во просек 2,2 литри вода дневно, додека мажите 3 литри вода дневно. Бремените жени треба да консумираат 2,5 литри вода дневно и оние кои дојат: 2,5 – 3 литри вода.

Сепак дневниот износ на потрошувачката на вода варира во зависност од неколку фактори, меѓу кои се: физичката активност, температурата на животната средина, возраста итн. Ако сме физички активни, тогаш на нашето тело ќе му треба повеќе вода.

Колку вода има…
– Едно тело има од 55% – 78% вода, во зависност од големината;
– Мускулите содржат околу 75% вода;
– Мозокот се состои од 90% вода;
– Коските се состојат од 22% вода;
– Крвта се состои од 83% вода.

Мудра поговорка гласи: “илјадници живееле без љубов, а ни еден без вода.” – W.H. Auden