Газирано и бубрези: приказна со несреќен крај

Освен вишок сантиметри на колковите и струкот, газираните пијалоци или подобро кажано шеќерот што се содржи во нив, се поврзува со бубрежни заболувања…

Истражувањата на Универзитетот во Осака, спореведени врз приближно 8000 испитаници, покажале дека само две лименки газиран пијалок на ден имаат силно негативен ефект врз здравјето на бубрезите.

Третина не пиеле никакви газирани пијалоци, третина добивале по еден, а третина испитаници пиеле по два газирани пијалоци на ден. 10 % од третата група за само три дена покажале знаци на протеинурија.

Од една страна шеќерот во пијалоците ја зголемува чувствителноста на ангиотензин II, хормон кој го регулира балансот на сол во организмот, а од друга страна доаѓа до зголемено исфрлање на протеини преку бубрезите, т.н. протеинурија.

Повеќе сол, повеќе шеќер водат кон дијабетес, бубрежни заболувања, обезитет, хипертензија. Препораките гласат газираните зашеќерени пијалоци да ги сведете на минимум, а за летно освежување – вода си е вода.