Газираните пијалоци не ги ослабуваат вашите коски?

Традиционалното верување е дека пиењето на газирани пијалоци во големи количини доведува до ослабнување на коските, намалување на нивото на калциум и појава на остеопороза. Модерната наука вели дека првпат слуша за вакво нешто..

Лошите ефекти на газираните пијалоци врз системските нивоа на калциум се препишуваат на фосфорната киселина за која се мисли дека го “извлекува” калциумот од коските и кофеинот, кој ја спречува апсорпцијата на калциум во дигестивниот тракт.

Спротивно на ова, според поновите истражувања, постои минимална, речиси никаква, врска помеѓу нивото на калциум во коските и пиењето на газирани пијалоци, со што целосно се отфрлаат традиционалните верувања дека меурчињата се опасни за коскеното здравје.

Сепак, иако ова е еден грев помалку за газираните пијалоци, шеќерната содржина сè уште ги става на прво место кога станува збор за лош диетарен избор. 

Ако сте загрижени за количината на калциум, држете се до препораките од 500 – 600 милиграми на ден преку суплементација, во повеќе помали дози (телото има проблем да апсорбира голема доза калциум одеднаш) или едноставно пијте повеќе млеко.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија