Домашни и здрави протеински напитоци

Како да заштедите пари правејќи напитоци за вежбање во домашни услови, кои можат да бидат подобри од оние кои ги наоѓате во продавниците за здрава исхрана.

Голем дел од комерцијалните напитоци за вежбање/за регенерација се полни со јаглехидрати, кои со звучни имиња се појавуваат на налепниците како „полимери од гликоза” или „малтодекстрин”. Овие напитоци го спречуваат ослободувањето на хормонот за раст и согорувањето на маснотиите.

Протеинските напитоци кои се достапни можат да предизвикаат болки во цревата и можат да ве направат затвореник во вашиот тоалет. Просечните напитоци кои содржат јаглехидрати и протеинските напитоци, се прескапи во однос на low grade состојките кои ги содржат.

Затоа, препорачливо е да направите сопствен напиток пред или по вежбањето.

Прво, купете високо квалитетен протеински прашок (Внимавајте, индустријата за протеинска суплеметација, како и индустријата за диететска суплементација, генерално, нуди нечисти продукти, маркетиншки промовирани како ултимативно најдобри во човечката исхрана). Изборот на протеински прашок е ваш!

Додадете шлаг од белки од јајца, мраз и маслиново масло, и направете високо протеински, богат и ладен шејк, со средно ниво на маснотии. Маслиновото масло може да го замените со ленено масло, за да направите уште поздрав шејк.

Користењето на овие масла, исто така, ви овозможува да внесувате пониско ниво на маснотии.
Маслиновото масло, како состојка во шејкот, го поддржува продуцирањето на тестостеронот. Според тоа, не само што ќе го поттикне хормонот за раст и присуството на протеините, туку ќе помогне во продуцирањето на тестостеронот тогаш кога тој е најпотребен, односно по интензивниот тренинг кога нивото на тестостерон е најмало.

Овие состојки како висококвалитетен протеински прашок, шлаг од белки, маслиново масло, масло од лен се посупериорни во однос на оние кои ги содржат комерцијалните напитоци од овој вид.

Во вака направениот шејк >>

додадете го било кое овошје или зеленчук, или измешајте по ваша желба и веќе добивте превкусен напиток кој има неверојатно позитивно влијание на вашиот организам и енергија. Конзумирајте го секојдневно за подобро расположение, како замена за појадок, пред или после тренинг.

NAGOMY FITNESS