Дехидратација и дигестивни проблеми за време на физичка активност

Често се случува спортистите да имаат дигестивни проблеми како: гадење, повраќање, болка и грчеви во стомакот. (Peters HPF et al, 1999).

 

Покрај механичките фактори кои имаат влијание во настанувањето на дигестивните проблеми, докажана е и корелацијата помеѓу нивото на дехидратација и фреквенцијата на гастроинтестиналните проблеми (Rehrer NJ et al, 1989).

Објаснувањето е едноставно: дехидратацијата води до намалување на волуменот на крвотокот, со што се намалува протокот на крв во дигестивните органи, што води до намалување на гастричното празнење (Rehrer NJ et al, 1990; van Nieuwenhoven MA et al, 2000).

Адекватната хидратација ќе Ви овозможи да ја ограничите редукцијата на крвотокот, а со тоа да ги намалите шансите за појавување на дигестивни проблеми за време на физичка активност. Затоа може да Ви помогне квалитетен изотоничен пијалок, кој брзо ќе ги надополни изгубените течности и електролити. Хидрирајте се уште пред да почувствувате жед, во интервали: пред, за време и по физичката активност.

Автор

No Limit

Скопје

Македонија