Чили сендвич со димен кашкавал

Најславното и најпознатото чили во Америка го готвеле браќата Кираџиеви, Атанас и Кире (таму познати како Том и Џон), уште од 1922 во Синсинати, Охајо, а денес нивниот бизнис успешно го води синот на Атанас, Џои Кираџиев преку познатиот ланец на ресторани „Емпрес“. Ова е нашиот обид за славниот чили сос.

Чили, всушност е специфично припремено мелено говедско месо, со многу медитерански и ориентални зачини и секогаш со лути додатоци (македонски гастрономски профил). Се служи во сендвичи со рендан димен кашкавал, како прелив за шпагети или во комбинација со варено гравче.

 
  • 1 лажичка чили (мелен лут пипер)
    1/2 лажичка мелен ким
    1/2лажичка буковец
    1/4 лажичка цимет
    1/4 лажичка сол
    1 лист дафинов лист
    1/4 лажичка мелен бибер
    1 голема лажица путер
    1 кромид
    2-3 чешниња лук
    2 лажички ворчестер сос
    100 мл. доматен сос
    1 лажичка сенф
    1/2 лажица оцет
    1/2 шолја вода
    300 гр. мелено говедско месо
    50 гр.димен кашкавал
 

1. На путер се пропржува ситно сецканиот кромид со пресуваниот лук.

2. Се додава меленото месо, а потоа сите останати суви суви додатоци.

3. Потоа се додаваат и сосот од домати, сенфот и водата.

4. Се пржи околу 20мин со мешање.

Чили сосот е прекрасна основа за сендвичи и донери обогатени со рендан димен кашкавал.

Алал да им е на браќава Македонци, со вкусно македонско манџиче до голем гастрономски успех.