Зошто планинарење?

Пролетта е најубавиот период за планинарење. Во последно време, поради брзиот начин на живот, неправилната исхрана и се поголемото загадување на воздухот во поголемите градови, сè повеќе луѓе сè одлучуваат да започнат со овој спорт. Зошто планинарење?

  • Планинарењето е одлична кардио вежба, која го зајакнува срцето. Оние кои се одлучиле да го практикуваат овој спорт барем 150 минути неделно, имаат многу помал ризик дека ќе добијат срцеви заболувања.
     
  • Го зајакнува целото тело и го подобрува балансот на телото.
 
  • Ја зголемува креативноста. Истражувањата покажале дека минувањето време во природа ја зголемува способноста за решавање проблеми за 50%.
     
  • Го подобрува крвниот притисок и го регулира нивото на шеќерот во крвта.
     
  • Се движите низ преубави природни предели кои сè богати со чист воздух.

Доколку сте почетници, почнете од најблиското брдо. Пополека зголемувајте ја должината и тежината на патеката. Одберете КОМОТНИ и КВАЛИТЕТНИ обувки, соодветни чорапи, планинарски ранец, штеки и тргнете во вашите планинарски авантури.

Во Македонија постојат планинарски друштва кои организираат секоја недела различни по тежина планинарски тури. НЕ ЧЕКАЈТЕ, опремата на вас и се гледаме на некој врв! 🙂