Зошто четири вежбања неделно се подобри од шест?

Освен ако не сте професионалец кој се спрема за сериозни натревари и следите сериозни фитнес режими, бидете спокојни и вежбањето гледајте го како уживање. Умереното тренирање на неделно ниво понекогаш покажува подобри резултати.

 

Претходните студии даваат резултати дека напорното секојдневно тренирање ги правело луѓето помалку активни од оние кои вежбале помалку. Научниците теоретизирале дека секојдневниот тренинг го тера мозокот да испраќа импулси исто како при претерувањето со одредени други работи што доведувало до несвесно стопирање и летаргија кај оние кои го правеле тоа секојдневно.

За цел на оваа студија која беше публикувана од страна на Exercise & Science in Sports & Medicine беше одбрана една многу „активна“ старосна популација од Бирмингем, 72 стари баби кои немаат никаква физичка активност и се на старост од 60 до 74 години.

Тие беа распределени во три различни групи, од кои едната дигала тегови и џогирала по еднаш во неделата, другата група го правела тоа по два пати, а третата по три.

Вежбите, кои биле надгледувани од истражувачите, на почетокот биле лесни, но со тек на време се зголемувал интензитетот и времетраењето сè додека тие не достигнале ниво потребно за 40 минути џогирање и исто толку време дигање на тегови.

Во текот на четирите недели додека траело испитувањето врз испитаничките биле правени бројни испитувања.На крајот од испитувањето сите жени се здобиле со поголема снага, сила и изгубиле дел од масното ткиво.

Но, зачудувачки било тоа што немало скоро никакви разлики во фитнес нивото на различните групи. Оние што вежбале само два пати неделно биле еднакво аеробно спремни како и оние што вежбале шест пати.

Сепак, она што испаднало различно и што е интересно е тоа што бабите од втората група (оние што вежбале 4 пати неделно) на крајот имале далеку поголема потрошувачка на енергија од жените од другите групи (дури и од тие што вежбале 6 пати). Тие трошеле додатни 225 калории секој ден, покрај она што го трошеле за време на вежбањето, компарирано со пред стартот на експериментот.

Додека онаа група која вежбала напорно шест пати во неделата сега трошела значајно помалку енергија отколку на стартот, односно 200 калории помалку, иако секојдневно биле на терен.

Од сево ова може да се заклучи дека во некои ситуации минималистичката фраза “less is more” („помалку е повеќе”) може да пали, и тоа како калории.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија