Наслов

Златаров со победа ја заврши сезоната

Изминатиот викенд се одржа 9-то ноемврски кајак слалом на диви води по повод ослободување на град Велес.

Овој натпревар за македонските кајакари беше последен за оваа календарска година. На натпреварот настапија три велешки и еден скопски клуб. Победник беше Александар Златаров, член на кајак кану клубот Илинден 90 од Скопје, второпласиран беше Енис Небиовски а третото место му припадна на Џенгис Џан Небиовски и двајцата од кајак кану клубот Вардар од Велес.

"Посакував крајот на сезоната да биде со победа а тоа беше овој натпревар. Оваа сезона за мене беше најуспешна ги постигнав моите најдобри резултати иако беше долга и тешка. Сезоната започна со влез во македонска јуниорска репрезентација а подоцна станав и државен првак до 18 години. Учествував на Европски куп каде го постигнав мојот најголем резултат, 19 место. Ја преставував Македонија и на Европското првенство.

Победник бев на повеќе отворени првенства а на државното првенство за сениори завршив на 3-то место. Оваа сезона е завршена но вејќе започнав со подготвки за наредната сезона, која започнува напролет, наредната година. Благодарност до мојот клуб "Илинден 90" , тренерите Атанас Николовски и Валентин Хаџи-Арсов, Кајакарската федерација
и мојот спонзор "Ветекс". - изјави Златаров..

15 Ноември 2015

За авторот