Жорнет најбрз на Денали

Ултратркачот Килиан Жорнет како дел од неговиот проект „Summits of my life“ рекордно го искачи и симна врвот на Северна Америка, МекКинли за 11 часа и 40 минути.

Килиан Жорнет е човекот кој што веќе неколку години вчудоневидува со неговите екстремни физички капацитети и владее на врвот од ултрамаратонските настани како и тешките брзински планински подвизи. 

Претходната недела тој го постави новиот рекорд за качување и спуштање на највисокиот врв во Северна Америка, МекКинли кој се наоѓа во Алјаска каде успеа да симне дури 5 часа од претходниот кој го држеше Ед Варен од 2013 година. 

Рутата која ја трчаше Килиан, West Buttress започнува од базниот камп на Кахилтна глечерот кој што се наоѓа на 2,194 м.н.в и се искачува до врвот висок 6,168 м.н.в преку глечерски терен долг 26,5 километри односно вкупно 53 километри.

Ова е дел од неговиот четиоригодишен проект „Summits of my life“ каде засега има поставено рекорди на Монт Блан, Матерхорн и МекКинли, а наредни на нишан му се Елбрус, Аконкагва и Еверест. 

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија