Жонглирње во битбокс ритам

Најновата звезда во составот на Манчестер Јунајтед Шинџи Кагава, се обиде да го надигра својот пријател.

 

Офанзивниот плејмејкер покрај тоа што сам ја победи Франција на последниот пријателски меч кој го одигра во дресот на Јапонија, покажа и дел од своите фудбалски вештини искомбинирани со музика.

Како дел од рекламната кампања на адидас (all originals) Кагава беше под диригентската палка на неговиот другар, јапонскиот бит боксер Арфа, Кагава жонглираше и се обидуваше да остане во ритамот на новокомпонираната песна посветена на играта со бубамарата.

Кагава во последните неколку недели постојано се врти на насловните страници на светските интернет магазини пред се поради неговата пасија да прави работи кои се забранети од страна на неговиот тренер Сер Алекс Фергусон. Но без да прејудицираме, што ќе се случи Ферги си ја има традицијата да дели воспитни за сите непримерни од Олд Трафорд.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија