Наслов

Живееме подолго, но не и подобро

Прво, добрата вест: луѓето живеат подолго од пред 20 години. Второ, лошата вест..

Тие екстра години што ние луѓето добро сме се испотиле за да ги заработиме се пропратени со некаква болест бидејќи така е трендот, а од трендот тешко се бега.

Низ изминативе две декади, животниот век скокна од 62,8 на 67,5 кај мажите и од 68,1 на 73,3 кај жените, според опширната студија која опфати податоци од над 100,000 извори. Сепак, годините во кои луѓето живеат со некакво хронично заболување или друга хендикеп состојба се накачиле, на 9,2 за мажите и 11,5 за жените.

Срцевите заболувања и мозочниот удар сè уште се главните причини за смрт, но додека инфективните заболувања како туберкулоза и маларија се скоро отстранети од црната листа, ракот на белите дробови и дијабетесот се имаат покачено поради лошите навики и катастрофалниот начин на исхрана.

Студијата, напишана од скоро 500 автори од 50 земји покажува дека економскиот развој е нож до две сечива. Додека луѓето сè помалку умираат од бактерии и вируси од порано, лошата диета и лошите навики сега ги заземаат нивните места.

08 Март 2013

За авторот