Здрави животни навики за поспоро клеточно стареење

Според истражување направено во релативно младата гранка на испитување на теломерите (важни делови од хромозомите) менувањето на некоја животна навика на подобро и тоа во било кое доба од животот, може да го спречи, па дури и да го врати процесот на клеточно стареење.

Во првичното мало истражување објавено во The Lancet Oncology се вели дека промената на било која животна навика на подобро може да има ефект на клеточно ниво врз стареењето и болестите поврзани со стареење.

Имено, теломерите, врз кои се правени мерењата, се всушност „капи“ кои ги заштитуваат двата краја на хромозомите. Во претходни истражувања докажано е дека кратките теломери се поврзани со клеточно стареење како и болести како рак и деменција.

  • „Со сигурност знаеме дека нездравата диета, пушењето цигари, хроничниот емоционален стрес, депресијата и осаменоста се во можност да ги скратат теломерите. Но, ова е првата студија каде наоѓаме дека истите може да се издолжат.“ вели Dr. Dean Ornish, еден од истражувачите.

Во истражувањето беа следени 35 мажи кои имаат со биопсија потврден ниско ризичен канцер на проста. На 10 од овие им било назначено во текот на 5 години, од 2003 до 2007 да направат некаква значајна промена на подобро во нивниот животен стил (вежбање, подобрување на исхраната, медитација), а на другите не им биле дадени никакви инструкции.

По десет години, должината на теломерите кај луѓето кои направиле некаква промена се покачиле за 10 проценти, додека кај контролната група се намалила за 3 проценти.

Како заклучок доктор Орниш вели:

  • „Нашите гени можеби се предиспонирани, но не и нашата судбина. Додека сме желни да направиме некаква промена во диетата и животниот стил, можеме да ги промениме работите за кои одамна се мислеше дека се невозможни за промена.“

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија