Наслов

Збор-два со Зоран Иванов за „Загреб Троудаун 2014“

Минатиот викенд во Загреб во одлична организација се одржа Zagreb Throwdown 2014. Освен неколкуте храбри натпреварувачи Македонија имаше и преставник во судиска улога, a збор два за деталите ќе ни каже Зоран Иванов, сопственик на КросФит Скопје и официјален КросФит судија.

Како дојде до соработка со загребчани и која беше твојата улога?

Соработката помеѓу КросФит Скопје и КросФит Загреб постои уште од 2012 година кога КроссФит Загреб официјално почна со работа. Ние, како први официјален КросФит клуб на Балканот секогаш сме во комуникација со сите официјални клубови во регионот. Јас сум интернационален КросФит судија и затоа добив покана да ја завземам таа улогата на овогодинешниот натпревар.

Колку натпреварувачи од Македонија имаше на ова натпреварување?

На овој настан јас водев мешан тим на натпреварувачи кој се натпреваруваа индивидуално. Од нашиот клуб КросФит Скопје се натпреваруваше Жарко Батиќ кој заврши 24-ти од вкупно 82 натпреварувачи во класата на „елитни мажи“.

Од клубот Нагоми Фитнес се натреваруваа Оливер Целевски кој заврши  на 38-мо место од вкупно 82 натпреварувачи во класата на „елитни мажи“ и Кирил Јакимовски која заврши 86-ти од вкупно 94 натпреварувачи во класата на „спортски мажи“.

КросФит е спорт каде секој може да победи секого. Направивме добра анализа на нашиот натправарувач Жарко Батиќ за неговите слаби и јаки страни. Тој во моментов е најпотенцијалниот Кросфитер за одлични резултати.

Но мора да се земе во предвид дека тој е во моентов во тренинг фаза која се` уште не е завршена, која е дел од подготовките за официјалниот КросФит натпревар кој започнува за неполни 2 месеца. Но овој натпревар беше како контролна точка кој научивме добра лекција. За останати натпреварувачи не можам да зборувам бидејќи тие сами тренираат, а мојата улога е во давање на повремени совети за техниката во движењата, кога правиме заеднички тренинзи и слободно можам дека константно се подобруваат.

Како ја оценуваш организацијата и колку натпреварувачи беа присутни, од кои земји?

Овој КросФит натпревар е прв во регионот што доби Европска димензија. Имаше вкупно 273 натпреварувачи од 16 земји. Натпреварувачите беа поделени во повеќе класи и тоа: Елитни Мажи, Спортски Мажи, Елитни Жени, Спортски Жени, Мастерс Мажи и Мастер Жени.

Натпреварот беше одлично организиран. Ги имаа направено сите елементи потребни за да им овозможат на натпреварувачите да го дадат својот максимум. На крајот се се заврши со голема КросФит забава.

Зoран на дело 

Кои се најпознати кросфит натпревари на балканот?

Во нашиот регион ова е прв официјалн КросФит настан од ваков карактер со оваа големина. Постојат други локални натпреварувања наликуваат на КросФит организирани од неофицијални КросФит клубови. Овие неофицијални напреварувања не би сакал да ги коментирам.

Улогата на судијата во кросфитот и кои беше судискиот предизвик на Zagreb Throwdown 2014

КросФит се базира на стандарди на движењата. Во нашиов спорт се бара константно да се изведуваат движењата правилно, според поставените стандарди. Затоа многу е клучна улога на судијта бидејќи тој треба да го контролира натпреварувачот во изведувањето на вежбите. Пред секој натпревар судиите и натпреварувачите имаа детален брифинг за стандардите на движењата и сите се синхронизираат. За време на натправарот се бара кој е подобар во изведувањето на вежбите преку поставените на стандардите, во спортивно „NO REP" - не се брои, е изразот кој го користиме при неправилно движење.

Најголем предизвик за судијата е да остане фокусиран за целото време за судењето да не направи некоја грешка. Мора посотојано да ги следи движењата и да реагира навремено. За разлика од другите спортови каде се завршуваат школи, во КросФит, успешен судија стануваш само со многу, нависитина многу вежбање КросФит. Доколку ние самите не вежбаме и не знаеме како телото реагира на одредени движења, нема да бидеме способни да ги видиме движењата за време на судењето.

19 Декември 2014

За авторот