Завршија финалните натпревари за Купот на Македонија во атлетика – младинска конкуренција

Изминатиот викенд, на 23-24ти септември, Атлетската Федерација на Македонија ги организираше финалните натпревари за КУПОТ на Македонија во младинска конкуренција.

За време на натпреварот 6 клубови од Македонија водеа интересна и возбудлива трка за освојување на Купот.

На крај, најуспешен клуб беше АК ЛИРИА кој успеа за прв пат од основањето да се искачи на победничкиот пиедестал.

Во машка конкуренција победија атлетичарите од  АК Куманово пред АК Лириа и АК Џамбазовски додека кај женските АК Охрид беше најуспешен пред АК Лириа и АК Работнички.

Конечна табела:

Машки:
1. АК Куманово 48 бодови
2. АК Лириа – 41 бод
3. АК Џамбазовски 12 бодови

Женски:
1. АК Охрид – 43 бодови
2. АК Лириа – 40 бодови
3. АК Работнички – 32 бода

Севкупен пласман:
1. АК Лириа – 81 бод
2. АК Куманово- 53
3. АК Охрид – 43 бодови

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија