Заврши вториот БЏЏ семинар со проф. Роберт Наумоски

Вчера, успешно заврши вториот ден од семинарот во Бразилска џиу џица на кој присуствуваше проф. Роберт Наумоски, првиот македонски црн појас во БЏЏ во светски рамки. 

На семинарот присуствуваа околу 60 ученици, а професорот Роберт покажа многу нови работи, вежби и зафати. 

Честитки до нашиот нов виолетов појас Мухамед Чеваир и до новите сини појаси Селма Биберович, Менка Стојаноска, Мики Смиљкович и Бранко Путилин кои заслужено ги добија.

Од денес па до 22ри декември почнуваме со приватни тренинзи наутро и регуларни тренинизи во вечерните часови со Проф. Роберт Наумоски.