Затворена истрагата над Кристофер Фрум која ќе значеше отсуство на Тур де Франс 2018

На еден ден откако организаторот на најпознатата велосипедска трка во светот Тур де Франс објави дека има право и дека ќе ќе го забрани учеството на британскиот велосипедист Кристофер Фрум на овогодинашното издание на трката поради истрагата која се води за потенцијален допинг, УЦИ заедно со ВАДА ја затворија истрагата врз четирикратниот шампион. 

Минатата година по неговиот четрвт триумф на Тур де Франс, најдобриот возач на тимот Скај заврши шампионски и на шпанско тло на познатата Вуелта. Но, веднаш по трката, na 7 септември 2017 година над Фрум беше отворена анти-допинг истрага откако беа пронајдени високи (скоро двојно повисоки) концентрации на Салбутамол (Вентолин) во примероците од урина.

Што е салбутамол?

Салбутамолот е лек од групата бета-2 агонисти кој се користи од страна на астматичари и делува вазодилатаорно – ги шири дишните патишта при нивно стеснување при напади на астма. 

Според Светската Анти-допинг организација (WADA), овој лек не спаѓа директно во листата на допинг препарати и истиот може да се аплицира до 1600 микрограми во период од 24 часови од страна на спортисти, а горната граница на присуство во урината е 1000 нанограми на милилитар. Доколку се пронајдат концентрации над дозволената, истото ќе се третира како т.н. adverse analytical finding што означува користење на лекот вон неговата првобитна терапевтска намена. 

Во наодите од 18-тата (победничка) етапа на Фрум на Вуелта 2017 година, концентрациите на лекот се за двојно повисоки од дозволените и поради ова UCI (Интернационалната велосипедска унија) преку нивната анти-допинг организација покренува истрага која му ја доведува во прашање шпанската титула. Процесот се компликува и развлекува се до ова лето и потенцијалниот петти настап на Фрум на Тур де Франс. 

Тур 2018

Сепак, сакајќи да се заштити, организаторот на Тур де Франс го користи нивното право да забрани учество на некој возач како би се зачувал интегритетот на трката – поради самата отворена истрага за допинг врз Фрум. Но, еден ден откако оваа одлука е објавена од страна на организаторот, односно денес на 2 јули, УЦИ објавува дека на 28 јуни, WADA донела финална одлука дека резултатите на Крис Фрум не се дело на намерно користење на лекот.

Во претходните месеци, тимот на адвокати и советници на тимот Скај напорно работеше да докаже дека високите нивоа на лекот во урината на Фрум е затоа што бубрезите имале абнормална функција и не дозволиле навремено екскретирање (излачување) на метаболитите од телото – пренесува Сајклинг Викли

Ова означува дека титулата на Вуелта 2017 година нема да биде одземена од Фрум, но и дека тој има право да се натпреварува на Тур де Франс 2018 година. Напротив, директорот на Тур де Франс Кристиан Прудоме изјави дека ќе го прифатат настапот на еден од најдобрите велосипедисти на светот, единствено доколку се реши случајот – пренесува ЛеМонд

Тур де Франс 2018 започнува на 7 јули 2018 година.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија