Загарантирани два медали на светското Кик Бокс првенство во Белград

Кик боксинг репрезентацијата на Македонија На Светското првенство кое се одржува во Белград на првиот и вториот ден од своите настапи веќе има загарантирани 2 медали.

На светското првенство присутни се вкупно 669 натпреварувачи од 52 земји од 5 континенти, а домаќините се погрижија се да се одвива во одлична организација.

Борби до сега имаа Јетмир Емрули К1 -75кг во 16 финале се сретна со Алишан Асланли од Азербеџан кој го победи Емрули на поени.

Во кик лајт Наим Самиу -79кг се сретна со Руи Фариа од Португалија кој исто така ја доби победата на поени.

Виктор Дуковски -63кг кик лајт не успеа во борбата за осминафинале да извојува победа на претставникот од СрбијаЈован Стевановиќ.

Милан Кубин -89кг во кик лајт ни наговести победа уште на самиот почеток на борбата со Валентин Могос од Романија. Кубин извојува победа со 2:1.

На рингот само продолжија да се редат победите. Александар Димовски +91кг во лоу кик победи со 2:1 наспроти Мароканецот Баараб Хамид . Александар Најдовски -86кг исто така во лоу кик извојува победа со предавање од страна на противникот од Тунис Бекхир Басен.

На вториот ден свои настапи имаа во кик лајт Димитар Ѓорѓиев кој го има приматот светски првак од две светски првенства, Скопје 2011 и Анталија 2013 год,Ненад Манојловски и Стефани Тодорова дебитант на ова светско првенство.

Д.Ѓорѓиев -74кг кик лајт го победи 3:0 претставникот од Бугарија Радослав Славчев .Со овој настап Ѓорѓиев го обезбеди бронзениот медал.

По него се надоврза и Н.Манојловски -69 кг кик лајтвкој исто така евектно го победи Рамил Агабеков од Украина.

Кристина Стојчевска -55кг кик лајт се сретна на татамите со Унгарката Габриела Буса која е вицешампионка од последното Европско првенст о 2014 год. Стојчевска извојува ефективна победа 3:0 и се пласира во 1/8 финале.

Вториот бронзен медал го загарантира Стефани Тодорова -60кг кик лајт во настапот со Хрватската претставничка Ката Саре. Тодорова убедливо ја победи Саре.

На рингот во К1 дисциплината Александар Наумовски -71 имаше тежок ден . Тој имаше две борби против двајцата фаворити во неговата категорија. Во 1/8 финале со нокаут во 3 рунда го победи Мароканецот Лазрах Мохамед на големо задоволство на сите . Во втората борба за противник го имаше Марцин Крет од Полска каде што мечот заврши со прекин во втората рунда поради повреда на Наумовски со која се здоби во првата борба.

Бобан Илиоски -71кг лоу кик се сретна со Венелин Јанков од Бугарија , искусен кик боксер кој во своето СV има запишано голем број на светски медали. Илиоски кој за прв пат настапува на сениорско светско првенство ги одушеви присутните во салата со неговата храброст и техника. Илиоски сепак загуби на поени.

Петре Велков -67кг лоу кик за противник го имаше белорусот Андреи Кхамионак кој е актуелен светски првак.Младиот Велков кој како и Илиоски ова му беше прв настап на сениорско првенство се покажа во одлично светло. Конечниот резултат беше 3:0 за белорусот.

Во утрешниот ден настапи ќе имаат Александар Димовски +91 кг лоу кик со Бразилецот Ричард Јакоб , Александар Најдовски -86кг лоу кик со Хрватот Лука Симич во ринг, а Ненад Манојловски -69 кг кик лајт со Сачин Шармин од Велика Британија , Милан Кубин -91кг со Матеус Јерешчек од Полска и Кристина Стојчевска -60кг со Иленија Ничеле од Италија на