WIDE BOYZ или „ШИРОКИ МОМЦИ“ на ЕХО

Еден од најдобрите филмови по светските фестивали годинава, филм за искачувањето на Пукнатината на Векот “Century crack” – според Wide boyz односно „Широките Момци“, специјалисти за качување широки пукнатини во карпа. Тоа што можевте да го видите во кратка верзија на REEL ROCK 6 филмот, сега во целосна верзија на ЕХО фестивалот.

„Широки момци“ – Англија, 2012

Во последните неколку години, англиските качувачи Пит Витакер и Том Рендал имаа мисија да ги искачат најтешките широки пукнатини во светот. Мисијата кулминираше со двомесечно патување во САД и сето тоа е снимено од англиската продукција Hot Aches и американската Alstrin Films. Пит и Том се специјалисти за пукнатини кои се многу тешки за качување – пошироки од пукнатини во кои може лесно да се заглават рацете, а потесни од пукнатини во кои може лесно да се заглави телото.

За тоа е потребен многу тренинг, па снимено е и тоа: искачувања по локалните карпи во Британија, но и кај нив во импровизирани домашни вежбални, носејќи тегови од 20-тина килограми на себе… Одличен филм за сите кои сакаат чист стил на качување и качување на пукнатини!

Останати ЕХО најави