Второ издание на полумаратонот „Струмица на улица”

Со полумаратонот „Струмица на улица”, овој викенд на 9 јуни беше означен официјалниот старт на фестивалот „Струмица ОПЕН”. На интернационалното и спортско отворање на манифестацијата трчаа вкупно 427 учесници од повеќе држави. 

Тркачите имаа можност да бидат дел од три трки во должина од 21, 10 и 5 километри, а севкупно настапија 427 учесници од Македонија, Србија, Бугарија, Велика Британија, Португалија и Словенија.

Прва дама на 21 километар беше Адријана Поп Арсова со време од 1:24:30, зад неа беше Билјана Кираџиева 1:28:40, а трета заврши Милјана Ристиќ со 1:35:42. Во машка конкуренција прв беше Дејан Атанасов од Бугарија – 1:16:23, втор беше Александар Кираџиев 1:17:43, а третата позиција припадна на Игор Јакимовски со време од 1:24:59.  

„Драго ни е што бројот на учесници е двојно поголем од минатата година. Трчаа претставници на многу локални компании, многу рекреативци од Струмица и цела земја. Особено ни е драго што „Струмица на улица” во својата втора година од одржување имаше 50-тина интернационални учесници”, вели Миле Ѓеоргиев од Културен забавен живот.

Сите резултати можете да ги пронајдете тука

Струмица ОПЕН фестивал годинава ќе трае до 18 aвгуст, каде во три месеци ќе бидат распоредени 27 настани од областа на спортот, културата, едукацијата, уметноста, литературата и музиката.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија