Второ место за Бонев на вториот „Соколов пут”

Овој први мај на прекрасната Сува Планина близу Ниш се одржа второто издание од Соколов Пут, скајранинг трка која влегува во српската скајранинг лига. Македонија настапи со одличен тим од 9 тркачи кои постигнаа одлични резултати, а Марјан Бонев од TREX го освои второто место.

Трката во планинско трчање „Соколов пут” е дел од Скајранинг лигата во Србија која започна на големо да го популаризира спортот меѓу љубителите на спортските активности, трчањето и планинарењето. 

Истата се одржува веќе втора година на прекрасната Сува Планина близу Ниш и Нишка Бања односно минува низ целиот срт на планината преку каменестиот предел Мосор, стрмниот врв Соколов Камен и завршува со успонот на врвот Трем, највисокиот врв на планината со 1860 м.н.в. Трката е со должина од 22 километри и има 2200 позитивна денивелација (качување) а имаше можност да настапат планински тркачи за кои временскиот лимит беше 7 часа и планинари за кои лимитот беше 10 часа. 

Организацијата на самата трка беше на одлично ниво и на истата настапија околу 120 планински тркачи и повеќе планинари. Македонија беше солидно претставена од тим од 9 тркачи кои завшија со одлични времиња. 

Најдобар од нашиот тим, вклучително и втор на целата трка беше Марјан Бонев, тркач на TREX кој стазата успеа да ја мине за време од 2:49. Прво место освои Кристијан Стошиќ со 2:35, а трето Милован Милиќ со време од 2:50.

Прва жена беше Ивана Милиќ со време од 3:30. 

Важно е да се напомене дека и останатите натпреварувачи од македонска екипа завршија со одлични времиња и од вкупно 120 натпреварувачи го остварија следниот пласман во генерална конкуренција. 

Марјан Бонев – 2 место – 2:49

Филип Туманоски – 9 место – 3:13 

Александар Кирковски – 11 место – 3:19

Дејан Тодевски – 20 место – 3:33

Михаил Стефанов – 21 место – 3:35

Игор Јовановски – 22 место – 3:37

Игор Пирковски – 34 место – 3:49

Борче Милошковски – 47 место – 4:11

Трајче Панковски – 73 место – 4:40

Како дел од српската Скајранинг лига оваа година на други трки до подиум успеа да дојде и Јовица Јованчев на првата трка од лигата – Авала каде го освои првото место, а Бонев успеа да биде трет на вертикалниот километар на Ртањ

фотки – Скајранинг Србија

Автор

TREX

Скопје

Македонија