Втор бронзен медал за Македонија во Баку

Мартин Несторовски го освои бронзениот медал откако во борбата за трето место убедливо го совлада Слободан Битевиќ (Србија)

Втор бронзен медал за Македонија! Мартин Несторовски го освои бронзениот медал откако во борбата за трето место убедливо го совлада Слободан Битевиќ (Србија). Браво Мартин! Силно веруваше во себе и го освои бронзениот медал! Клаудиа Бокел (Германија), член на ИОК го врачи бронзениот медал на најдобрите каратисти (категорија +84 кгр.). Бронзениот медал на градите на македонскиот каратист Мартин Несторовски. Искрени честитки за Мартин. Сите сме горди на големиот успех на Мартин и Емил!