Врвни змејарски првенства во Крушево

Она што на отворањето на 19-то Европско првенство во змејарство класа 1 и 7-то Светско Првенство во змејарство класа 5 во Крушево им го посакавме на учесниците, тоа и се оствари.

А, им посакавме сè што може да посака змејарската елита од Европа и светот. И не, ова не е наша нексромност, ова се зборови на оние кои 14 дена го надлетуваа небото над Пелагонија и се активни претставници на овој спорт низ целиот свет. Како што пишува на веб страната на Германскиот национален клуб, повеќе од 100 учесници добија “совршена организација, извонредни услови за летање, одлична инфраструктура, гостопримливи луѓе и прекрасна природа”.

Во поздравниот говор нагласивме дека ова е спорт во кој мора да има двајца победници – најдобриот пилот и организаторот. А, фактот што на официјалната веб страна на Интернационалната воздухопловна асоцијација пишувадека впечатокот на мнозинството учесници е дека првенството во Крушево е најдоброто до сега, е доказ дека дефинитивно ја извојувавме посакуваната победа.

Иако за прв пат во улога на домаќин, Фоздухопловната федерација на Македонија и малата змејраска заедница и од клубот XSC од Охрид покажаа и докажаа дека се компетентни во организирањето најголеми и најсложени спортски настани од овој тип.
И секако, голем удел во овој организаторски триумф имаат и сите оние кои директно и индиректно ни помогнаа во реализирањето на настанот. Затоа би сакале јавно да им се заблагодариме на спонзорите: Dalvina Winery, ГОРСКА вода, Sign Up – Digital Marketing Agency, Daretоbe, Хотел Монтана, медиумските покровители, како и на Kruševo Municipality, Општина Прилеп и Општина Кривогаштани, со надеж дека ќе имаме нови можности за вакви успешни соработки.

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија