Наслов

Возиме на Тур де Галичица по шести пат

Аутдор настанот „Тур де Галичица" овој викенд во Отешево и Националниот Парк Галичица ќе се одржи по шести пат oд 15ти до 16ти јуни 2019 година. Бидете дел од супер позитивен велосипедски и планинарски настан во природа и на отворено. 

Останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица која ќе биде на 16 јуни во Недела. Оваа година планинарската тура ќе биде на врвот Магаро висок 2255 м.н.в, со можеби најдобриот поглед на двете езера. Оваа тура исто така ќе биде во недела со почеток во 9 и 15 ч.

Исто како и претходните години, организаторот нуди можност за кампување збогатено со забава во Lakeview Hotel & Resort, во Отешево на отворено на кое покрај кампувањето ќе има и доста други изненадувања.

Велосипедската тура е долга 68 km. Стартот е во 9ч во Недела. Стартниот пакет ќе биде 300 денари и ќе се наплаќа на лице место.

Вело тура 

Збирно место за планинарската тура ќе биде плоштадот во Ресен во недела на 16 јуни со почеток во 9 часот и се тргнува со организаран превоз од Ресен до Галичица. Вкупна должина на планинарската тура изнесува некаде околу 8 км.

Планинарска тура

Се молат сите заинтересирани за планинарење да се пријават најдоцна до 14ти јуни за на време да се обезбеди превоз. Стартниот пакет за планинарската тура ќе изнесува 400 денари. Наплатата е на лице место.

Линкот за пријавување е тука на планинарската и велосипедската тура:

Сите учесници настапуваат на сопствен ризик. Со самото стартување, учесниците се согласуваат дека организаторот не одговара за постапките на учесниците кон самите себе, ниту кон другите учесници.

Забрането учество на малолетни лица, освен во присуство на родител или старател.

Опрема: за учество неопходно е носење на заштитна кацига и технички исправен планински велосипед, односно соодветни чевли и облека за планинарење.
Организаторот го задржува правото за правење на евентуални измени кои ќе бидат неопходни, а за кои ќе бидете навремено известени.

Телефон за контакт: Кристијан 078/254-443, Дејан 075/282-207

Вака беше пред неколку години..

11 Јуни 2019

За авторот