Водоотпорни мембрани

Сте се запрашале ли на кој начин водоотпорните мембрани не го пропуштаат дождот, а сепак се дишливи???

Водоотпорните мембрани не се едноставен материјал, тие се сендвич од повеќе слоеви. Направени се од 3 слоја, од кои два слоја, горниот и долниот се од Најлон и делуваат како заштитни слоеви, додека средниот слој е од Микропорен ТЕФЛОН (политетрафлуоретилен PTFE) и е водонепропустлив.

Интересен факт за материјалот познат како ТЕФЛОН е тоа дека не е измислен за да се користи во тафчињата кои не се лепат, туку, хемичарот Рој Планкет го измислил за да направат подобри фрижидери. Нелепливоста, односно одличното својство да се лизгаат материи по него е одлично за водоотпорност.

Водоотпорноста на Тефлонот се должи на микро порите од кои е изграден, а од таму му доаѓа и името микропорен Тефлон. Порите се со големина од еден микрометар, односно милионити дел од метарот, и дијаметар од 1/50тина од човечкото влакно, на што се должи и способноста да ја задржи водата во една форма, а да ја пропушти во друга.

Кога се потиме, нашето тело создава пареа, што е вода во форма на гас, односно во гасна агрегатна состојба. Молекулите на тој гас не се залепени заедно, туку се движат слободно низ просторот со големина 700 пати помала од таа на една пора од микротефлонот. Кога се потиме тие поминуваат од нашата кожа низ водоотпорната мембрана кон надворешноста, во процес наречен дифузија. Водата од дождот од друга страна е во форма на капки, каде секоја капка содржи милијарди молекули, а една капка е со големина околу 20.000 пати поголема од големината на порите на микротефлонот.

Постојат повеќе типови на водоотпорни материјали, кои се разликуваат по бројот на слоеви:

Двослојниот водоотпорен материјал е конструиран на тој начин што водоотпорната мембрана е врзана за надворешната ткаенина. Во овој случај поставата е одделена од самата мембрана и ни овозможува поголема флексибилност и удобност. Оваа конструкција на мембрана може да се комбинира и со изолациски слој.

Два ипол слојниот водоотпорен материјал e конструиран на тој начин пто водоотпорната мембрана е врзана за надворешниот слој, а од внатрешноста е покриена со ултра-тенок заштитен слој, па затоа нема потреба од постава. Предноста е помалата тежина и можноста за помало и полесно пакување.

Трослојниотво водоотпорен материјал за разлика од двослојниот е конструиран на тој начин што водоотпорната мембрана е врзана и за надворешниот(hardshell) слој, но и за внатрешната постава. Со тоа врзување е добиена зголемена издржливост, трајност и помалку абење.

Кога купуваме водоотпорна јакна, секогаш ги гледаме нејзините водоотпорни и дишливи параметри кој се изразуваат во mm и gr, но знаеме ли како се стигнува до нив и што значат тие?

Водоотпорноста се мери во милиметри (mm), <5.000, 10.000, 15.000, 20.000 и >20.000 мм, а го означува хидростатскиот притисок кој мембраната го издржува пред да почне да протекува вода низ неа. Се добива на тој начин што врз оптегната мембрана се поставува висока туба, која е со внатрешен дијаметар од 2.54cm и се полни со вода. Доколку се наполни во височина од 10м односно 10.000 mm пред да почне да пропушта, тогаш нејзината водоотпорност е 10.000mm.

Дишливоста се мери во грамови (gr), односно колку грама на водена пареа ке поминат низ мембрана од еден метар квадратен, во рок од 24 часови. Доколку пропушти 20kg(20.000mm) на водена пареа во рок од 24 часови, тогаш нејзината дишливост ке биде означена со 20.000mm.

Водоотпорност (mm)                                                      Отпорност на:

 0-5,000 mm                                                     Лесен дожд, сув снег, без притисок

6,000-10,000 mm                                     Лесен дожд, нормален снег, лесен притисок

11,000-15,000 mm                       Средна јачина на дожд, нормален снег, лесен притисок

16,000-20,000 mm                                       Јак дожд, влажен снег, среден притисок

20,000 mm+                                                  Јак дожд, мокар снег, висок притисок

 

 

Конструкција на водоотпорен материјал, надворешен слој(Hardshell), мембрана и постава.

 

При практикување на outdoor спортови, важно е да се поседува опрема која ке ве заштити од лошите временски услови. Водоотпорните јакни, панталони и обувки нека бидат незаменлив дел од вашата опрема при дождливо или снежно време. 

P.S. Where the rain STOPS, CONFIDENCE BEGINS 🙂