Водно искачено 18 пати – успешно комплетиран Еверестинг потфатот на Марјан Бонев

Овој викенд на 1 јуни, нашиот планински тркач Марјан Бонев успеа да го комплетира првиот Еверестинг на македонско тло.

Со вкупно време од 15 часа и 5 минути, изминати 40 километри само во искачување во кои се комплетирани 8949 висински метри, Марјан Бонев од АК Велес и Трекс, овој викенд успеа да го заврши првиот Еверестинг потфат на македонско тло, односно на планината Водно. 

Еверестинг потфатот беше направен на патеката Димитар-Цветкова на потегот од Средно Водно до врвот Крстовар. Како начини на транспорт за надолу, Бонев користеше повеќе велосипеди како и жичницата. 

За комплетирање му беа потребни вкупно 18 искачувања со што успеа да се запише во официјалната листа на Еверестинг потфати ширум светот како втор Македонец, после оној на Горан Кузмановски со велосипед поставен на Копаоник. 

За комплетирање на предизвикот, Марјан имаше поддршка од повеќе наши спортисти и ентузијасти. 

Страва записот можете да го најдете тука

Автор

EDITOR

Скопје

Македонија