Крушево

Наслов

Во тек е светскиот куп во параглајдеризам

Оваа недела во Крушево во тек е Светскиот параглајдинг куп на кој досега беа одржани два од вкупно седум летачки денови. Нашиот пилот Мартин Јованоски од двата летачки дена е трет во генералниот пласман. 

Во неделата, 20.07. на Светскиот куп во параглајдеризам кој што се одржува во Крушево (една од повеќето локации на купот) беше излетана првата трка од 97 км. каде што Мартин Јованоски заврши на 23-тото место од вкупно 122 пилоти. 

Вчера пак, на 21.07. беше летана траса од 85 км. а нашиот пилот заврши на првото место со што го подобри својот генерален пласман на третото. 

Во прилог имаме некои од фотографиите од овие два летачки дена, а првенството се` уште е во тек оваа недела каде се закажани уште пет летачки денови. 

Моменталниот генерален пласман можете да го видите ТУКА

Лидерот во генерален пласман Стефан Моргентхалер му ја честита победата на Мартин

Легендата на овој спорт, Французинот Жан Марк Карон заедно со Мартин

22 Јули 2014

За авторот