Во Неготино одржани државните првенставта во Кик Бокс

Во саботата (18.06.2016 ) и неделата (19.06.2016г.)во спортската сала на ,,МЛАДОСТ ” во Неготино се оддржаа државните првенства за сениори и за јуниори и кадети во дисциплините од кик бокс спортот.

Техничката организација беше на клубот ,,Гладијатор ” од Неготино кој се погрижи се да помине во најдобар ред , а сето тоа заслужува само пофалби . Учество земаа вкупно 130 спортисти од 13 клубови од цела Македонија.

И двете државни првенства беа од хуманитарен карактер наменети за младото момче од Неготино, Илија Таневски кој е на лекување во Германија , а неговиот сограѓанин Димитар Ѓорѓиев и клубот Гладијатор беа иницијатори за ова. Игор Џамбазов се погрижи присутната публика во салата да биде анимирана и активно вклучена во секој сегмент од двете државни првенства.

Првенството за отворено го прогласи градоначалникот на Неготино, а збор зема и претседателката на КБФМ Г-ѓа Александра Неделковска . Присутната публика имаше задоволство да ужива во квалитетните борби на постарите како и на младите кик боксери кои беа одлик на целото првенство. Се надеваме дека оваа наша мала помош за Илија ќе биде од големо значење за што побрзо да ја победи болеста.

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА СЕНИОРИ

*Дисциплина кик лајт

  • 1место -91кг Милан Кубин Гладијатор Скопје
  • 1место -60кг Мимоза Стаменковска Шампион Скопје

*Дисциплина лоу кик сениорки

  • 1 место -60кг Ана Јаковлевска Каринг Скопје
  • 1место +65кг Марија Костова Адреналин Скопје

*Дисциплина лоу кик сениори

  • 1 место -67кг Пепи Велков Зоран тим
  • 1 место -71кг Дејан Ристески Самурај Битола
  • 1 место -75кг Бобан Илиоски Шампион Скопје
  • 1 место -86кг Стојан Цветков Адреналин Скопје
  • 1 место -91кг Милан Кубин Гладијатор Скопје

ПОБЕДНИЦИ ПО КАТЕГОРИИ И ДИСЦИПЛИНИ

ДРЖАВНО ПРВЕНСТВО ЗА КАДЕТИ И ЈУНИОРИ

*Дисциплина кик лајт деца

  • 1 место -21кг Ристе Чавков Тим Зоран Струмица
  • 1 место -30кг Стефан Запров Про кик фемили Скопје
  • 1 место -35кг Бранко Пандев Тим Зоран Струмица
  • 1 место -38кг Александар Делиевски Тим Зоран
  • 1место +47кг Нермин Шабановска Зан Шин Битола

*Дисциплина кик лајт помлади кадети

  • 1место -32кг Анкица Јанакиевска Гладијатор Штип
  • 1 место -37кг Александар Коцев Тим Зоран Струмица
  • 1 место -42кг Ледон Рамадани Шампион Скопје
  • 1 место-47кг Љупчо Бошевски Самурај Битола
  • 1 место +47кг Синиша Милоишевиќ Будо Кавадарци
  • 1 место +47кг Милан Милоишевиќ Будо Кавадарци
  • 1 место -63кг Милан Гошевски Тим Зоран Струмица
  • 1 место +69кг Филип Мицевски Тим Зоран Струмица

*Дисциплина лајт контакт помлади кадети

  • 1место -42кг Павел Стојчевски Ас Делчево

*Дисциплина поинт фајт помлади кадети

  • 1место -65 кг Ивана Петковска Зан Шин Битола

*Дисциплина кик лајт постари кадети

  • 1 место – 50кг Душица Стојанова Гладијатор Штип
  • 1 место -60кг Јована Арсова Гладијатор Штип
  • 1 место -42кг Борјан Трајков Фајт тим Скопје
  • 1 место -47кг Стефан Крстев Шампион Скопје
  • 1 место -52кг Илија Пејковски Гладијатор Скопје
  • 1 место -57кг Блаже Настов Будо Кавадарци
  • 1 место -60кг Медин Ахмети Еико Скопје
  • 1 место -69кг Александар Велков Будо Кавадарци
  • 1 место -94кг Витанче Витанов Тим Зоран Струмица

*Дисциплина лајт контакт постари кадети

  • 1 место-65 кг Викторија Варадинова Гладијатор Штип
  • 1 место-70 кг Стефан Сунчевски Зан Шин Битола

*Дисциплина лоу кик јуниори

  • 1место -63,5кг Емир Ибраими Фајт тим Скопје
  • 1место -67кг ХАдис Рамадани Еико Скопје

*Дисциплина кик лајт јуниори

  • 1 место-55кг Јована Арсова Гладијатор Штип
  • 1 место-57кг Филип Ризов Будо Кавадарци
  • 1 место-63кг Дарко Најдов Гладијатор Скопје
  • 1 место-69кг Роберт Костовски Гладијатор Неготино
  • 1 место-79кг Никола Павлов Будо Кавадарци
  • 1место +79кг Јовица Кекеновски Фајт тим Скопје
  • 1 место-84кг Азрет Зекири Сен Сеи Гостивар
  • 1 место-89кг Денис Абдуловски Самурај Битола
  • 1 место+94кг Столе Јордановски Гладијатор Неготино